Најстудено и најмногу снег во Битола
Со 13 степени целзиусови под нулата и со 28 сантиметри снежна покривка, утрово Битола е најстуден и град со највисока снежна покривка.
Снегот, кој ноќеска паѓаше на сообраќајниците, го чистеа и отстрануваа екипи на јавното комунално претпријатие „Нискоградба”.
-Во функција се сите ресурси, човечки и материјални. Улиците од прв приоритет се чисти, а да не пречеја бројните паркирани возила, опфатот на чистење и отстранување снег ќе беше уште поголем. Мобилни сме и продолжуваме со работните задачи согласно програмата за одржување улици и мостови во зимски услови, информираа од ЈКП „Нискоградба“.
Апелираат возилата да се отстранат од сообраќајнците, а граѓаните што го чистат снегот пред своите приватни или деловни објекти, да го собираат на едно место и да не го фрлаат на пат или тротоар
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
