Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка и Маврови Анови
Најстудено изутрина е на Попова Шапка, каде во седум часот се измерени -12 степени, по што со -10 следи Маврови Анови, со -7 Крушево, -6 Пожаране и Ѓуриште. Во Охрид и Претор температурата се спуши 4 степени под нулата, -3 во Крива Паланка, Прилеп, Берово и Дебар, -2 во Тетово, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Штип, Куманово и Виница, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.
На Попова Шапка има 31 сантиматар снег, 21 на Маврови Анови, 12 Пожаране, седум Берово, шест Тетово, пет Крушево, четири Крива Паланка, Тополчани и Ѓуриште, два Виница, а сантиматар снег има во Скопје-Зајчев Рид, Охрид и во Штип.
Во изминатите 24 часа е наврнат воден талог од 14 литри на метар квадратен во Крива Паланка, 10 во Тетово, Пожаране, Демир Капија, Виница и Дебар, осум во Берово, седум Крушево, …
Во текот на ноќта преовладуваше облачно и студено време со локални врнежи од снег. Изутринава во западните делови облачноста делумно се намали, а врнежите престанаа. Дуваше умерен на места засилен ветер од северозападен правец, кој во Штип достигнуваше брзина до 55 километри на час.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен, а вдолж Повардарието повремено силен ветер претежно од северозападен правец. На места ќе провејува слаб снег. До крајот на денот облачноста во најголем дел од земјава ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Охрид во изминатите 24 часа
-
Украина побарала помош од САД за напади на територијата на Русија
-
Елегантни моторџии низ скопските улици во обид да ја подигнат свеста за машкото здравје
-
Лазарини: Од Рафа побегнаа 800.000 луѓе, нема безбедно место во Газа
-
Пронајдени телата на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис
-
Северозападна Индија ја зафати топлотен бран, температурата во Њу Делхи достигна 47,1 степен
-
Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Состојба на патиштатa