Најстариот затвор во Калифорнија, Сент Квентин, е ново жариште на коронавирусот
Во затворот Сент Квентин, најстарата казнена установа во американската сојузна држава Калифорнија, дојде до драстично зголемување на бројот на заразени со коронавирус, со оглед на фактот дека повеќе од 1.000 затвореници излегле позитивни на тестирањата, јавија локалните власти.
-Ова е многу загрижувачко, изјави гувернерот Гевин Њусом, истакнувајќи дека 42 отсто од приближно 3.500 затвореници на Сент Квентин се заразени. Затворот се наоѓа во близина на Сан Франциско.
Според американските медиуми, до почетокот на јуни Сент Квентин бил поштеден од заразата со коронавирусот, но транспортот на затвореници од затворите најмногу погодени од Ковид-19, како што е затворот Чино, ја донел епидемијата и во него.
Затворот Чино, во близина на Лос Анџелес, на почетокот на епидемијата во земјата беше познато жариште на Ковид-19а.
Повеќе од 500 затвореници во Чино беа позитивни на тестирањата, додека имаше и 16 смртни случаи поврзани со вирусот.
За да се избегнат смртните случаи, властите во Калифорнија наредија предвремено ослободување на околу 3.500 затвореници од затворите кои имаат помалку од 180 дена до отслужување на казната.
Гувернерот Њусом кажа дека 3.500 кандидати од затворите во Калифорнија во понеделникот биле предложени за оваа мерка, од кои 110 биле од Сент Квентин.
Во затворите во Калифорнија има околу 113.000 луѓе.
Ново на Сител
-
Доставени уште 5 досиеја на кардиолошки пациенти да се испитаат дали интервенциите биле направени без потреба
-
Регионална школа за срцева слабост
-
Околу 170 бубрежно болни чекаат трансплантација
-
Муцунски: Вештачката интелигенција да се користи за зацврстување на мирот и стабилноста
-
Левица поднесува иницијатива пред Уставен и кривични за членовите на АМВУ и ДИК
-
ДИК го заклучи избирачкиот список - Право на глас имаат 1 832 415 граѓани
-
СДСМ: Просечната плата паѓа, а со тоа и животниот стандард на граѓаните
-
Владата инвестира 198 милиони денари за довршување на театарот во Струмица