-->
-->
Најстариот француски градоначалник на 97 години во борба за нов мандат
-->
Најстариот француски градоначалник Марсел Бертом, на возраст од 97 години, најави дека ќе влезе во битка за нов мандат за прв човек на гратчето Саинт Сурин сур Л`исле – функција која ја извршува од 1971 година.
– Има уште многу работи кои треба да ги направам. Пред мене стојат нови предизвици, додаде градоначалникот, кој нов мандат ќе бара на изборите во март.
Во 2014 година тој беше избран за градоначалник без противкандидат, но на годинашните избори најавени се двајца припадници на неговото лево политичко крило кои ќе се кандидираат наспроти Бертом.
Тој смета дека годините не се пресудни за раководењето со гратчето со 3.160 жители.
– Може да сте извонреден човек со 98 години, а некои со 20 години, може да се будали, порача Бертом.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Курти поднесе оставка
-
Извештај на Омбудсманот за човековите права: Најмногу поплаки од проблемот со пасошите
-
ЦУК алармира за две отворени шахти во општина Аеродром
-
Издавала регистарски таблици без наплата - Кривична за референт од Куманово
-
Три бронзени бисти украдени од гробиштата „Бутел“
-
Во Турција уапсени 234 лица во меѓународна операција против организираниот криминал
-
Запознајте ја Зора, млада здрава женка балкански рис тешка 15,5 кг. | ВИДЕО
-
Сопружници измамени за 824.000 денари - очекувале да добијат стан