-->
-->
Најредовните плаќачи на вода во Македонска Каменица ќе бидат наградени
-->
Јавното претпријатие „Камена Река” од Македонска Каменица и оваа година преку наградна игра ќе ги наградува сите свои корисници кои редовно ја плаќаат комуналната такса. Директорот на ЈП „Камена Река“, Влатко Андоновски информира право на учество во наградната игра имаат сите оние корисници кои ја имаат подмирено комуналната такса заклучно со декември 2018 година и тоа најдоцна до 31 јануари 2019 година.
-Фондот на награди и годинава изнесува околу 700 евра. Првата награда е телевизор, втората шестмесечна претплата, а третата е мултифункционален тостер. Оваа наградна игра има симболичен карактер и претставува еден вид мотивација за корисниците на нашите услуги редовно да ги плаќаат сметките, рече Андоновски.
Додаде дека пред секоја наградна игра редовноста на плаќањето на сметките за комунални услуги се зголемува за неколку проценти.
-Искуството од претходните години покажува дека пред наградната игра наплатата се зголемува и достигнува околу 90 отсто, а очекуваме таа да достигне и до 95 проценти, додава Андоновски.
Од претпријатието дополнуваат дека доделувањето на наградите ќе се изврши на 21 февруари 2019 година во кругот на Ј.П „Камена Река” со почеток од 12:00 часот со влечење ливче со шифри. За најсреќните корисници чија што шифра ќе биде извлечена следува добивка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата