Свет
15. July 2016 - 14:16

Најпотресната сцена од Ница – целиот ужас на тероризмот во една слика

 
На социјалните мрежи објавена е најпотресната фотографија од шеталиштето во Ница на кое во четвртокот навечер, наоружан напаѓач направи масакр кога влета со камион.
 
Фотографијата која го прикажува целиот ужас на тероризмот и нападот кој е извршен во Нова е објавена на Твитер и поделена е неколку илјади пати.
 
Најмалку 84 лица загинаа, а повеќе од стотина се повредени во францускиот град Ница кога напаѓачот отворил оган па потоа со камионот влетал во преполното шеталиште.
 
Возачот прво пукал врз толпата, а потоа тргнал во смртоносното возење од два километри, газејќи се пред себе, за да биде сопрен кога полицијата отворила оган и го усмртила. Во багажникот на камионот се пронајдени експлозив и автоматско оружје.
 
Локалните медиуми јавуваат дека меѓу стотината повредени, 54 се деца кои се префрлени во болница.