„Најосамениот лав на светот“ пуштен на слобода | ВИДЕО
Рубен, „најосамениот лав на светот“ кој беше затворен во зоолошка градина во Азербејџан, конечно ја вкуси слободата.
Животното старо 15 години последниве шест години ги мина сам во тесен кафез. Својот нов живот ќе го продолжи во резерват за диви животни во Јужна Африка. Ова своевидно спасување почна откако беше откриено дека Рубен е единственото животно останато во зоолошката градина по смртта на бизнисменот кој беше нејзин сопственик.
Меѓународната организација за заштита на животните – АДИ, (Animal Defenders International) со седиште во Велика Британија, покрена иницијатива за префрлање на Рубен од малата куќарка каде што го минал животот, во дивината, но на безбедно место во Јужна Африка. Авиокомпанијата „Катар ерлајнс“ помогна во тоа.
– Бевме во солзи кога Рубен излезе од кафезот, шетајќи по тревата слободно првпат во својот живот, изјави претседателот на АДИ, Јан Кример.
Поради осамениот живот последниве години, Рубен заборавил и да рика, па АДИ се надева дека за него ќе почне „нов, среќен период на слобода“, како што изјавија оттаму.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Обединетото Кралство, Лосон
-
Позиција на МНР за Заедничката изјава од Литванија во Советот за човекови права на Обединетите нации
-
Филипче на прва координација со пратеничката група на СДСМ
-
Кавадарчанец силувал 26-годишна девојка
-
Вучиќ: Зголемени дејствија на авиони и беспилотни летала со извидувачки намери кон Србија
-
Се тепале татко и син во Куманово, употребен е и нож
-
Загина 35-годишник во сообраќајка на автопатот кон преминот „Богородица“
-
Приватните автобуси до петок ќе возат само до 10 часот наутро