Најново од Белград: Во Скопје се враќа само конзуларното одделение
Вработените во Амбасадата на Србија во Македонија кои се занимаваат со конзуларни работи, ќе се вратат во Скопје следната недела, а до тогаш оние кои имаат потреба од конзуларна помош да се јават во српското МНР на телефонот 011/306-8268 или на мејлот:okp@mfa.rs.
Во соопштението на МНР се вели дека сите граѓани на Србија, на кои им е потребна конзуларна помош и заштита во Македонија, во овој период може да се обратат во МНР, одделение за конзуларни работи, телефонски на бројот 011/306-8268 или по писмен пат на мејлот: оkp@mfa.rs
Целата конзуларна помош и заштита останува достапна на сите граѓани на Србија и покрај новонастанатите околности. Следната недела вработените во Амбасадата вршат конзуларни работи, ќе се вратат на служба во Скопје, соопшти српското МНР.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата