Најниска температура во Берово - 7, денеска променливо облачно со слаб дожд, а на планините слаб снег
Најниска температура утрово е измерена во Берово - 7 степени, во Битола - 5, на Попова Шапка -4, во Крива Паланка, Прилеп, Демир Капија и Струмица - 3, во Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Претор, Штип, Крушево, Дебар и Маврови Анови - 2, Виница, Кавадарци и Велес -1, Скопје-Зајчев Рид и Куманово 0, Дојран и Гевгелија 4 степени.
Најмногу снег има во Маврови Анови 12 сантиметри, во Дебар седум, во Крушево и Ѓуриште шест, во Битола и Попова Шапка пет, во Тетово и Охрид два сантиметри.
Времето денеска е променливо облачно со локален слаб дожд, а на планините и на некои од повисоките места со врнежи од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со врнежи од слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 10 степени.
Ново на Сител
-
Во Италија споделувањето на фотомонтажи создадени со ВИ е казниво дело
-
74-годишник измамен за 14.000 евра со лажна сообраќајна несреќа
-
МЖСПП: Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на PM₁₀ честичките
-
Пад на продажбата на станови, најмногу продадени во Аеродром најскапи во Центар
-
Приведен возач во Битола, управувал возило со 104 км на час на место каде што е дозволено 50
-
Царинска управа: На ГП Стење фатен патник со златен накит вреден 346 илјади денари
-
Приведени тројца малолетници, одзеле пари од угостителски објект на подрачјето на Центар
-
Србија преговара со Русија за изградба на нуклеарна централа