Македонија
31. October 2015 - 17:14

Најмногу задоволни пациенти има Охридската општа болница

Охридската општа болница лидер во здравството во Македонија.Според последните испитувања направени од страна на министерството за здравство 85, 9 посто од пациентите се изјасниле дека се задоволни од медицинската  нега,92,2 од условите и комфорот во чекалните ,66,6посто од опремата   а 66,7 посто од условите во болничките соби и  100 посто од хигиената , болничката храна и квалитетот на болничката нега пружена од лекарите.

Во 2007 имало 116 илјади услуги на пациенти а ова година бројот е зголемен на 189 илјади.

Инаку директорот Арнаудов за во иднина најави изградба на нов современ геријатриски центар,набавка на медицинската опрема ,пуштање во употреба на момографот кој веќе е инсталиран реновирање на интерното оделение  лабараторија и ренген.