Најмногу врнежи во Kрушево, на Попова Шапка 55 сантиметри снег

Утрово е најстудено на Попова Шапка, нула степени, а најмногу врнежи, 27 литри на метар квадратен, се измерени во Крушево.
Како што информира УХМР, изминатите 24 часа наврнале и 24 литри на метар квадратен на Попова Шапка, 23 во Охрид и Лазарополе, 22 во Тетово и Mаврови Анови, 18 во Пожаране, 14 во Тополчани, 13 во Прилеп, 12 во Битола и Претор, 10 во Скопје-Зајчев Рид, 8 во Крива Паланка, 6 во Скопје-Петровец и Виница, 4 во Куманово и Ѓуриште, 3 во Велес и Кавадарци, 2 во Штип, Струмица, Гевгелија и Берово, како и 1 литар на единица површина во Демир Капија и Пожар-Радовиш.
Висината на снежната покривка на Попова Шапка е 55 сантиметри.
До 08:30 часот температурата била два степена во Берово, Kрушево и Mаврови Анови, 3 во Лазарополе, 4 во Скопје-Петровец и Крива Паланка, 5 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Битола, Прилеп, Штип, Виница и Кавадарци, 6 во Куманово, Претор, Демир Капија и Струмица, како и 7 степени во Охрид, Велес и Гевгелија.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло. Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта најпрвин во западните делови ќе има врнежи од дожд. На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
-

Над 200 милиони евра годишно се даваат како државна помош, но не се знае кој добива и за што
-

Прегазени дете и тинејџер во две одделни сообраќајни несреќи
