Најмногу снег во Маврово, најстудено во Берово
- Висината на снежната покривка утрово во Маврово изнесува 53 сантиметри, во Крушево 33, во Пожаране 26, во Ѓуриште осум, во Охрид шест, а во Тетово еден сантиметар, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Најниски температури од -4 степени утрово се измерени во Берово, -2 во Крива Паланка и Маврово, нула во Тетово, Битола и Скопје Петровец, еден степен во Претор, Пожаране, Охрид, Штип, Прилеп, два степени во Виница, Струмица, Крушево, Скопје, Тополчани, Ѓуриште и Дебар, четири во Демир Капија, шест во Гевгелија и седум во Дојран.
Времето денеска ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Преку ноќта ќе има локални врнежи од дожд, на планините снег. Максималната температура ќе биде во интервал од осум до 13 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб југоисточен ветер. Во ноќните часови ќе има повремен дожд. Максималната температура ќе достигне до девет степени.
Од утре ќе следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините од снег. Дневната температура ќе опадне уште за неколку степени.
Ново на Сител
-
Во петок и сабота повремени локални врнежи и пониски температури
-
Судир на мопед и електричен тротинет, едно лице повредено
-
Уапсено лице од Турција, барано од Интерпол
-
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
-
Еуроњуз: Јавниот превоз во Македонија меѓу најлошите во Европа
-
Уапсен средношколец од Сараево поради лажни пријави за бомби во училишта
-
Нетанјаху: Израел ќе ги слуша САД, но ќе донесува одлуки во согласност со своите национални интереси
-
НАСА го лансираше „Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа | ВИДЕО