Најмногу дожд во Виница 32 литри на квадрат, најстудено на Попова Шапка минус три степени
Најмногу дожд во изминатото дененоќие наврна во Виница 32 литри на метар квадратен, во Берово 25, Лазарополе 19, Радовиш 16, Штип 15, Охрид 14, а девет литри во Скопје, соопшти УХМР.
Три степени под нулата утрово се измерени на Попова Шапка, пет во Скопје, шест во Берово, Охрид, Битола, Штип и Струмица, а девет во Гевгелија.
Во текот на ноќта преовладуваше облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со повремен снег. Наместа дуваше умерен до засилен ветер претежно од северен правец.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во северозападните делови каде ќе има услови за ретки грмежи. На планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.
Во Скопје променливо облачно и посвежо со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.
Ново на Сител
-
Мицкоски доби покана да присуствува на инаугурацијата на Трамп
-
Кривична за три лица за претепување на бездомното куче Феликс кое угина пред два дена
-
ДУИ: Македонците ја мразат ДУИ затоа што ги зајакна Албанците
-
Претстои студен бран и врнежи од снег, ЦУК апелира на соодветни подготовки и следење на прогнозата кога се тргнува на пат
-
Во Лос Анџелес уапсени 20 лица поради кражби
-
Министерот Тошковски ќе отвори нова канцеларија на управните служби во Желино
-
Финска има намера да го продолжи затворањето на границата со Русија
-
Во Берово најстудено, најтопло во Гевгелија