-->
-->
Најмногу дожд во Маврово и Демир Капија
-->

Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м 2 ): 1 Кр. Паланка, Дебар, 3 Куманово, Пожаране, 8 Дојран, 13 Берово, 14 Д. Капија, 20 Маврово.
Времето денес (27.06 2017 год.): Сончево и многу топло, попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја на југот и истокот од земјава. Ќе дува слаб ветер од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 37 степени. УВ=9
Метеоролошки параметри за Скопје: T= 35 °C, P= 976 hPa, U= 32 %, V= 3 m/s. (Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)
НАЈАВА: Поради изразено југозападно воздушно струење и прилив на многу топла воздушна маса, во наредните денови ќе биде уште потопло со натпросечни температури на воздухот. Од четврток до сабота вдолж Повардарието максималната температура ќе надмине 40 степени. Во четврток ќе дува засилен југозападен ветер. Во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник, поради нагол продор на влажна и посвежа воздушна маса од север, ќе има врнежи од дожд и грмежи, а од понеделник и значително опаѓање на температурата.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Притвор за игуменот и други пет лица уапсени за продажба на икони и реликвии во Грција
-
Божиновска: Стабилна грејна сезона е приоритет, институциите во редовна координација
-
Оружје и муниција пронајдени кај 75-годишник од Трубарево
-
Голем интерес за билети за СП 2026
-
Во келијата на Васев пронајдени три мобилини телефони, тој тврди дека не се негови
-
Трамп: Упадот со беспилотни летала во Полска би можел да биде грешка
-
ЦУК: Под контрола пожарот во Дрисла, 13 пожари на отворено целосно изгаснати
-
Комбе излетало од мост на патот Штип-Радовиш, има починати | ФОТО