Најмногу дожд во Лазарополе и Гевгелија

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Маврови Анови, 18 литри на метар квадратен, по што следуваат Гевгелија со 17, Пожаране и Попова Шапка, 16, Берово, 15, Тетово, 14, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Лазарополе наврнале 10 литри на метар квадаратен, девет во Струмица, пет во Куманово и Крушево, четири во Скопје-Петровец и Претор, два во Битола и Пожар и со по еден Скопје–Зајчев Рид, Виница, Кавадарци, Велес, Крива Паланка, Ѓуриште и Тополчани.
Минималната утринска температура се движи од 4 до 14 степени.
УХМР и за денеска најави променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 литри на метар квадаратен за 24 часа) со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Низа настани за одбележување на 75-годишнината на Државниот архив
-

Дизелот поскапува, бензинот БС-95 поевтинува: Нови цени од полноќ
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Подгответе се за долги редици на граничните премини со ЕУ, од петок стартува новиот систем
-

Студентите албанци на протест: Бараат полагање на правосуден испит и на албански јазик
