Најмногу дожд во Крушево, најмалку во Пожаране
Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнал во Крушево, 28 литри на метар квадратен, а најмалку во Пожаране, еден литар.
Како што информира УХМР, до 8 часот утрово се измерени 12 литри во Тополчани, 11 во Берово, 8 во Скопје – Зајчев Рид, 4 во Тетово и Попова Шапка, како и 3 во Маврово.
Времето денеска прeтпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 32 степена. УВ индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне 30 степени.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција
-
Вливот на реките рак рана за езерото
-
Преглед на вестите од светот