Најмногу дожд во Крушево и Маврови Анови, времето денеска променливо облачно и нестабилно

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Крушево, 26 литри, и во Маврови Анови, 23 литри на квадратен метар, информира УХМР.
Според мерењата до 8 часот утрово, во изминатото деноноќие 14 литри наврнат воде талог е измерен во Скопје - Петровец, 13 во Охрид и Битола, 11 на Попова Шапка, 8 во Крива Паланка, Претор и Тополчани, 7 во Лазарополе, 3 литри во Берово, 2 во Скопје - Зајчев Рид, Куманово, Прилеп и Пожаране и 1 литар во Тетово и Демир Капија.
За денеска УХМР прогнозира променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд и грмежи.
- Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 26 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе достигне 25 степени.
Ново на Сител
-

Јотова: Да заврши сагата со ОМО Илинден
-

Македонија ќе продолжи да работи и бара решение за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Марта Кос со порака до Бугарија: Откако Македонија ќе го смени Уставот, сметаме на ваша поддршка
-

Гаши останува на своето - не го повлекува ставот за ОВК и покрај реакциите
-

МВР ја казни жената што излезе од својот автомобил да фрли ѓубре во Лепенец
-

При полициска контрола во „Пулс“, лиценцата не им била дадена на увид
-

Тендер за БРТ по години чекање и блокади, граѓаните скептични
