Најмногу дожд во Крива Паланка, најстудено на Попова Шапка

Најмногу дожд изминатите 24 часа наврна во Крива Паланка - 39 литри на метар квадратен и Виница - 26 литри на метар квадратен, а најмалку во Лазарополе - 4 и Маврови Анови - 1 литар на метар квадратен.
Утрово најстудено е во Попова Шапка каде се измерени -3 степени целзиусови, а најтопло во Гевгелија со измерени 8 степени целзиусови.
Висината на снежната покривка во 7 часот на Попова Шапка изнесувала 31 сантиметар и Маврови Анови 2 сантиметри.
Денеска ќе биде претежно облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне во западните делови облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 12 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
МИА
Ново на Сител
-

На Клинички ќе има четири вида на плаќање, а цените ќе ги одредува советот на Град Скопје
-

ССМ на блокада пред Стопанската комора
-

Мицкоски бара извинување од Трендафилов за навредите кон Стојаноска
-

Повластени тарифи за 60 производи
-

Преглед на вестите од светот
-

Работниците денеска го блокираат Сојузот на стопански комори
-

Кој се ќе биде опфатен со владината реконструкција?
-

Саит Саитов приведен во Србија, се чека негова екстрадиција
