Најмногу дожд наврнат во Пожаране и Лазарополе

Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Пожаране и Лазарополе. Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи наврнат е воден талот од 65 литри на метар квадратен
До осум часот утрово наврнати се 58 литри на метар квадратен во Маврови Анови, 57 во Дебар, 56 на Попова Шапка, 53 во Тетово, 48 во Крушево, 45 во Охрид, 31 во Скопје-Петровец и Крива Паланка, 28 во Скопје-Зајчев Рид и Куманово, 20 во Велес, 19 во Претор, 14 во Прилеп, 13 во Берово и Тополчани, 11 во Битола, 8 во Кавадарци, Виница и Струмица, 7 во Штип, 4 во Демир Капија и 1 литар во Гевгелија.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа во источните делови пообилни, проследени со ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне од 19 до 25 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни, проследени со ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
