Живот
19. February 2018 - 13:01

Најми манекенка да проба да го заведе нејзиното момче - во истиот момент зажали!

Познатата шпанска манекенка Ким учествуваше во експеримент во кој ја тестираше верноста на еден маж кој веќе има вереница. Емисијата "To Catch a Cheater"  помага на личности кои се сомневаат дека нивниот партнер ги изневерува.

Леонардо мислел дека неговата задача ќе биде само да поправи лаптоп, но не знаел што го очекува. Кога стигнал, му било јасно дека девојката сака нешто повеќе од поправање на лаптоп. Таа почнала да флертува со него, додавајќи дека има проблеми со лаптопот поради премногу гледање порно филмови.

Јохана, неговата вереница сето ова го гледала преку камера. Целата работа кулминирала кога манекенката го прашала дали има девојка. Леонардо одговорил дека има, но дека врската не е премногу сериозна. Откако го прашала дали сака да се соблече, тој го направил тоа и тргнал зад нејзе. Јохана одлучила да се соочи со неверникот додека бил се уште во кревет. Како тоа изгледало погледнете на видеото кое досега има над 500.000 прегледи.