Најмалку тројца загинати во обилните снежни врнежи на источниот брег на САД
Најмалку три лица загинаа во обилните снежни врнежи во повеќе региони на источниот брег и централниот дел на САД, пренесе ТАСС.
Зимата во овие региони пристига со задоцнување, но е проследена со громови долж атлантското крајбрежје. Денеска и утре се очекува бурата Џонас на одредени места да натрупа и до 50-60 сантиметри снежна покривка, а особено во Вашингтон, што ќе биде рекорд во последниот век.
„Меѓу петок и сабота вечер голема зимска бура ќе зафати дел од источното крајбрежје на САД, а ќе биде следена од обилни снежни врнежи, голомразица, силни ветрови и поплави долж крајбрежниот појас“, предупредија синоптичарите.
Од денеска попладне се очекува влошување на времето, кога снежните врнежи ќе бидат најобилни, а ветровите ќе се најсилни, и ќе бидат со брзина до 90 километри на час. Овие услови ќе се задржат во текот на целиот утрешен ден.
Снежните врнежи веќе предизвикаа задржувања и голем број проблеми во сообраќајот во повеќе американски држави. Две лица загинаа во автомобилска несреќа во Северна Каролина, а едно во Тенеси.
Илјадници летовии беа откажни или имаа задоцнувања во повеќе држави долж американското источно крајбрежје, пренесе ТАСС, повикувајќи се на авиокомпаниите. Најзасегнати се Њујорк, Пенсилванија, Масачусетс, Северна Каролина и федералниот округ Колумбија.
Американската метеорошка служба прогнозира дека бурата, која можно е да се покаже најсилната во последната деценија, може да предизвика штети во вредност од милијарда долари.
Во Вашингтон метрото нема да работи во текот на деновите од викендот, пренесе ТАСС, повикувајќи се на неговата управа.
Жителите на престолнината создаваат резерви од храна и други продукти, посочува ДПА. Државните училишта во градот денеска ќе бидат затворени.
Ново на Сител
-
ДЗС: Под целосна контрола пожарот во близина на Скопскиот аквадукт
-
ЦУК: Локализиран пожарот што избувна во местото Аквадукт
-
Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина како суверена држава
-
Нетанјаху: Формирањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел
-
Талибанците го одбија барањето на Трамп за враќање на воената база Баграм во Авганистан
-
Мицкоски очекува намалување на инфлацијата во наредните месеци и нејзино сведување на 2 - 3 отсто следната година
-
Приведени двајца турски државјани, предизвикале пожар во Горно Нерези
-
Приведен возач на патот Гостивар-Кичево, престигнувал колона возила во непрегледна кривина