Loading Video...
Свет
25. јуни 2021 - 16:37
Најмалку тројца загинати, а над 200 хоспитализирани во синоќешното торнадо во Чешка
Најмалку три лица загинаа, а над 200 се хоспитализирани како последица од синоќешното катастрофално торнадо на југот од Чешка. Спасувачките екипи се сè уште на терен во потрага по преживеани лица заглавени во рушевините. Најголеми штети од невремето се предизвикани во регионот долж границата со Австрија и Словачка. Предизвикана е огромна материјална штета. Илјадници куќи се уништени. Голем е и бројот на евакуирани лица.
Овој регион последен пат се соочил со торнадо во 2018 година но, вчерашното се смета за најсилно во поновата историја на Чешка. Според проценките на експертите, торнадото достигнало брзина од 332 км на час.
-
Мирјана Јовеска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
