-->
-->
Најмалку тројца полицајци загинаа во експлозија на бомба во југоисточна Турција
-->
Најмалку тројца полицајци загинаа денеска при експлозија на бомба во југоисточна Турција, информира турската телевизија Хабертурк.
Според информации на телевизијата, рачно изработената бомба била детонирана при минување на оклопно полициско возило крај неа на пат во округот Мардин.
Ккао што јави ТАСС, според властите, експлозивната направа била подметната од бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК).
САД, ЕУ и Турција оваа курдска група ја сметаат за терористичка организација. Групата од 1984 година води вооружена борба против турската држава. Насилството драстично се засили откако во јули минатата година ПКК се откажа од прогласеното примирје
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Утре инаугурација на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, ХДЗ бојкотира
-
Мисајловски во официјална посета на Словенија
-
3.142 казнети возачи викендов, 1.498 за брзо возење, 247 возеле без возачка, 111 под дејство на алкохол
-
Пронајдени угинати берберски овци во Зоолошка
-
Тешко повреден 18-годишен мотоциклист
-
Одземени 672 парчиња брендирана роба во дојранско
-
Путин ги испраќа Лавров и Ушаков на разговори со САД во Ријад
-
Умбер ја одбрани титулата во Марсеј