Најмалку три лица загинаа во рускиот напад со дронови врз Киев
Најмалку три лица загинаа, а десет се повредени во синоќешниот руски напад врз Киев. Главниот град на Украина втора ноќ по ред е цел на напади, соопшти воената управа на главниот град на Украина.
-Повеќе од десет непријателски дронови се во воздушниот простор на главниот град. Се приближуваат нови. Непријателот најверојатно ќе користи голем број дронови и ракети од стратешки авиони, изјави утрово началникот на киевската воена управа, Тимур Ткаченко.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека експлозиите одекнале низ целиот град.
-Воздушната одбрана е активна. Главниот град е нападнат од непријателски беспилотни летала, истакна Кличко.
Киев е нападнат по вчерашната размена на воени заробеници со Русија. Последната фаза од размената е планирана за денеска, при што треба да бидат разменети вкупно илјада заробеници. Вчера 307 руски воени заробеници беа разменети за ист број украински војници.
Ново на Сител
-
Вашингтон го поништи договорот со лабораторијата Модерна за развој на вакцина против птичји грип
-
Состанок на претставници на студентите во блокада и челниците на Универзитетот во Белград
-
Кина почна мисија за извлекување примероци од астероид
-
Реал Мадрид се вклучува во трката за Вирц
-
Висар Ганиу исфрли отпад пред Град Скопје, Данела му се закани со докази за дивоградбите
-
Македонија и Малта ќе соработуваат за користење на ЕУ фондови за инвестиции во образование, наука, млади и спорт
-
Сиљановска-Давкова на Меѓународниот Астана форум 2025
-
Зидан сонува да стане селектор на Франција