Најмалку три лица загинаа во поплавите во јужна Франција, илјадници домаќинства без струја

Најмалку три лица загинаа, а илјадници домаќинства останаа без електрична енергија поради поплавите предизвикани од обилните дождови во јужна Франција, јави ДПА.
Регионалните власти во вчера соопштија дека бурата предизвикала пораст на водостоите до „невидени“ нивоа. Во невремето загинале три лица, а едно е повредено.
Весникот „Ла Прованс“ објави дека две жени на возраст од 86 и 26 години, биле пронајдени удавени во подрум во Лансон-Прованс, додека 75-годишен маж загинал во невремето во Сен-Митр-ле-Ремпар.
Според регионалните власти, околу 250 лица од Арл и Сен-Мартен-де-Кро биле сместени во центри за евакуација.
Причинета е значителна материјална штета, а патишта и железнички линии се блокирани. Прекинати се и електричните и телефонските водови, соопштија властите.
Бурата „Адам“ претходно предизвика тешки поплави во источна Шпанија, во кои загинаа најмалку пет лица.
MИА
Ново на Сител
-

ДИК на седница усвои барање за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница
-

Мицкоски: Граѓаните на Брвеница да гласаат за проект повеќе и подобар живот, а не за етнички поделби
-

Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел
-

72-годишен Французин починал на Кадиохирургија во Скопје
-

Двајца малолетници нападнале и ограбиле 62-годишен маж во Тетово, едниот го повредил со остар предмет
-

Брнабиќ ја повика Студентската листа што поскоро да формира власт
-

Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар
-

Мицкоски: Очекуваме одговор од студентите за предлогот за студентскиот оброк, разговаравме и за правосудниот испит
