Најмалку шестмина загинати во судир помеѓу израелската армија и Палестинците
Во судир помеѓу Палестинците и израелската армија во Појасот Газа, загинаа најмалку шест луѓе, а 350 се повредени.
Во соопштението од израелската армија се наведува дека Палестинците фрлале камења и запалени гуми врз изралеските војници, кои возвратиле со солзавец и со огнено оружје.
Израелската армија наведе дека нема да толерира оштетување на границата и оти за тоа е одговорен Хамас.
Палестинците во Појасот Газа денеска почнаа шестнделен протест под шатори долж границата со Израел со барање да им се дозволи на палестинските бегалци да се вратат во Израел. Тие поставија десетици шатори на пет локации долж границата.
Првиот ден од протестите се совпадна со „Денот на земјата“ кога Палестинците им оддаваат почит на шестмина невооружени Палестинци, кои беа убиени во судир со израелските сили за време на демонстрации против конфискувањето земјиште на 30 март 1976 година.
Пред денешните протести Израел испрати поддршка на граничните сили во Газа.
Организаторите од Хамас изјавија дека денешните протести ќе бидат мирни, но главниот израелски воен потпарол бригадниот генерал Ронен Манелис изјави дека армијата е подготвена за можни нереди.
Доцна синоќа бројот на војниците распоредени на границата бил удвоен, вклучиелно и бројот на снајперисти, специјалните единици и припадниците на граничната полиција чија специјалност е контрола на нереди.
- Израел сака да избегне насилство но нема да и дозволи на толпата да ја премине оградата, истакна Манилис.
Ново на Сител
-
Kрадел нафта, моторни масла и други предмети - приведен 64-годишен маж
-
Во прекин сообраќајот на автопатот Тетово - Скопје
-
Рокас: ЕП е независна институција, не можам да дадам коментар, ниту предвидување за извештајот на Вајц
-
Гутереш по повод Светскиот ден на бегалците: Да избереме солидарност, храброст и човечност
-
Макрон: Нема оправдување за нападите врз цивилното население во конфликтот меѓу Израел и Иран
-
Судот во Струга го осуди градоначалникот Мерко со десет илјади евра парична казна
-
Повторно поскапува дизелот
-
ОДИХР: Повеќе од 122 милиони луѓе се раселени ширум светот