Најмалку шестмина загинати во ракетен напад врз Триполи
Најмалку шест лица загинаа, а 35 се повредени во ракетен напад извршен врз главниот град на Либија, Триполи, јави агенцијата Анадолија.
Во соопштение што го објави Собранието на општината Ебу Селим во Триполи, се наведува дека врз подрачјето на Ебу Селим е извршен ракетен напад во кој животот го загубија шест лица, од кои пет биле жени, додека 35 се повредени.
Претседателот на Владата на национално единство на Либија, Фајиз ал Сараџ, го посети подрачјето кое беше цел на ракетен напад.
Во обраќањето за време на посетата на Ебу Селим, Сараџ го нарече генералот Калифа Хафтар „воен злосторник“, додавајќи дека пред Меѓународниот кривичен суд ќе бидат поднесени документи за прекршувањата што ги извршиле силите на Хафтар, информира Анадолија.
Според веста што ја објави либиската телевизија „Ахрар “, портпаролот на Владата на национално единство ги обвини силите на Хафтар за бомбардирањето на Триполи, додавајќи дека „бомбардирањето на цивилите од страна на силите на Хафтар е доказ за пораз на бојното поле“.
Светската здравствена организација соопшти дека во судирите кои траат веќе 12 дена во Либија, досега загинале 174 лица, а 756 се повредени.
Ново на Сител
-
Приведено лице од кочанско за предизвикување пожар
-
Турција ќе прифати 15 Палестинци ослободени од израелските затвори
-
Утре без вода Нерези и Тафталиџе
-
Трамп сака украински минерали во замена за континуирана помош
-
Јануари 2025 просечно топол месец и многу сув
-
Го фатиле како продава половина грам кокаин за 2500 денари, при претрес му пронашле уште 17 грама
-
Почувствуван земјотрес во Штип и околината
-
Роналдо: Не сум јас виновен што сум најпознат и најпопуларен, бројките не лажат