-->
-->
Најмалку шест полицајци загинаа при самоубиствен бомбашки напад во Пакистан
-->
Талибански бомбаш-самоубиец извршил напад врз полициско возило во југозападниот дел на Пакистан, при што загинаа шест офицери, а повредени се најмалку 22 лица, соопштија официјални претставници.
- Нападот се случи во градот Квета, главниот град на провинцијата Балочистан, која граничи со Авганистан и Иран. Меѓу повредените има и цивили, изјави полицискиот претставник Куршид Кан.
Од болницата во Квета соопштија дека повредените полицајци се хоспитализирани, но некои од нив се наоѓаат во критична состојба.
Пакистанските талибаци ја презедоа одговорноста за нападот преку електронска пошта испратена до медиумите.
- Нашите муџахедини го направија тоа, истакнал талибанскиот портпарол Мохамед Хорасани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови