Loading Video...
Свет
7. July 2023 - 16:30

Најмалку шест лица се задушија во пожарот кој избувна во дом за стари лица во Милано

Најмалку шест лица се задушија во пожарот кој избувна синоќа во дом за стари лица во италијанскиот град Милано. Според италијанските медиуми,  десетици се хоспитализирани, од кои три лица се во критична состојба.  Пожарот бргу бил изгаснат, но чадот бил смртоносен за неподвижните.  Се уште се истражува причината на несреката.

Силна бура предизвика поплави во  неколку подачја на провинцијата Сарагоза во североисточна Шпанија.  Населението се евакуира , а полицијата ги предупреди гарганите да гу одложат патувањата заради сопствената безбедност. Во првиот налет на поројниот дожд голем број возачи останаа заробени во автомобилите. Итните служби веднаш интервенираа на  поплавените улици за да ги спасат загрозените.

Пред самитот на НАТО, Зеленски на средба и со турскиот престедател Ердоган. Ова е негова прва посета на Истанбул откако започна војна. Москва соопшти дека внимателно ке ги следи резултатите од овој состанок.  Портпаролот на Кремљ најави дека наскоро и Путин ке има разговор со турскиот претседател.