Свет
28. August 2015 - 20:19

Најмалку седум луѓе во бурата Ерика во Доминиканска Република

Најмалку седум луѓе загинаа во тропската бура Ерика што го зафати карибскиот остров Доминикана.

Бурата се движи кон запад со ветер со брзина од 85 километри на час и во моментот е 150 километри источно од главниот град на Доминиканска Република, Санто Доминго.

Во бурата Ерика загинаа најмалку четири лица во Пуерто Рико. Бурата ги погоди и Девствените Острови.

Поради бурата Ерика се очекува невреме и на Хаити, на Бахами и на островите Таркс и на Кајкос.

Гувернерот на американската сојузна држава Флорида, Рик Скот прогласи вонредна состојба поради приближување на бурата Ерика.

Метеоролозите прогнозираат дека Ерика ќе стигне до Флорида в понеделник, но оти бурата нема да прерасне во ураган.