Најмалку петмина загинати во рударска несреќа во Индија
Петмина рудари загинаа, а уште најмалку 23 други останаа заглавени во рударската јама, при одрон на сводот во рудник за јаглен во источниот дел на Индија.
Инцидентот се случил во рудникот „Лалкаматија“ во областа Года во индиската сојузна држава Џарканд.
- Досега извлековме тела на петмина загинати, а уште 23 рудари се затрупани под земјата, изјави локалниот полициски началник Харилал Чаухан.
Индиските медиуми, меѓутоа, повикувајќи се на анонимни извори јавуваат дека во рудникот се заглавени околу 50 рудари.
На местото на несреќата пристигнале околу 200 припадници на индиската Национална агенција за справување со вонредни состојби, кои започнаа операција за извлекување на затрупаните рудари.
Рудникот „Лалкаматија“ е во сопственост на државната компанија „Истерн Коалфилдс Лимитед“, чиј раководител Ниладри Тој изјави дека одронот се случил на околку 250 метри од окното, во време кога рударите излегувале од јамата.
Ново на Сител
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам
-
Преглед на вестите од светот
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред