Најмалку едно лице загина во страшно невреме во Истанбул | ВИДЕО

Попладнево катастрофално невреме го погоди Истанбул и други делови од Турција, загина најмалку едно лице а нанесена е голема материјална штета на градот.
Според турските медиуми, една жена е убиена во квартот Есенјурт во Истанбул, каде од силни удари бил откорнат дел од покривот кој паднал врз неа и врз нејзиното дете, јавува државната агенција Анадолија. Детето преживеало, но се здобило со тешки повреди.
На друго место во градот, ветрот сруши саат-кула, откорна дрвја и преврти најмалку три камиони. Најмалку осум лица се повредени.
Босфорот, тесен воден пат што го дели градот, е затворен за поморски сообраќај, а фериботите се откажани.
Најмалку шест летови на „Туркиш ерлајнс“ што требаше да слетаат во Истанбул се пренасочени кон Анкара и Измир, изјави портпаролот на авиокомпанијата.
Силните ветрови, исто така, ги принудија властите да ги откажат фериботите меѓу крајбрежните одморалишта Бодрум и Датка.
Ново на Сител
-

Над 200 милиони евра годишно се даваат како државна помош, но не се знае кој добива и за што
-

Прегазени дете и тинејџер во две одделни сообраќајни несреќи
-

Зголемен водостојот на реките, во Кичево се уште се санираат штетите
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест на ССМ пред Владата
-

Се санираат штетите во Кичево, 250 лица и натаму се евакуирани
-

Ќе се врши стручна анализа на водоснабдителниот систем во Струга
-

Бизнисот, УГД и општината во заедничка мисија - иновации дома
