Свет
21. November 2015 - 18:00

Најмалку десетмина загинати во самоубиствен напад во Камерун

Во самоубиствен напад во северниот дел на Камерун, на границата со Нигерија, загинаа најмалку десет лица, а десетици се повредени.

Според безбедносни извори нападот е извршен од припадници на терористичката група Боко харам, загинаа најмалку десет лица, а десетици се повредени.

Боко харам годинава ги интензивира напади во Камерун, во Чад, во Нигер и во Нигерија, претворајќи го граничниот регион околу езерото Чад во воена зона.