Најмалку 84 загинати во денешните израелски напади во Газа, соопштија палестински лекари

Најмалку 84 лица се убиени денеска во израелски напади во Појасот Газа, јави ДПА, повикувајќи се на палестински медицински извори.
Повеќето од жртвите се во градот Газа.
Израелската армија соопшти дека била подложена на масовен оган од зградата на болницата „Аш Шифа“ и ја обвини исламската група Хамас за нападот. Израелската војска објави снимки кои, според нив, биле направени во последните неколку дена и покажуваат борци кои пукаат од „Аш Шифа“. Израел повеќепати го обвинува Хамас дека користи здравствени установи за воени цели, а и претходно изведуваше операции во „Аш Шифа“.
Меѓународната хуманитарна организација КЕАР (Cooperative for Assistance and Relief Everywhere) соопшти дека бремена жена, која била нивна партнерка, загинала при воздушен напад врз нејзиниот дом во градот Газа. При нападот загинале и нејзините две деца на возраст од 3 и 5 години, а сопругот е тешко повреден.
КЕАР информираше и дека во понеделник бил уништен здравствен центар управуван од друга партнерска организација. Според нив, тоа бил еден од малкуте медицински центри што сè уште функционирале во областа. Организацијата не прецизираше кој го извел нападот.
Израелската армија соопшти дека ги проверува овие информации.
Израелската војска започна копнена офанзива во градот Газа кон крајот на минатата недела.
Вооружениот судир во Газа започна на 7 октомври 2023 година, кога Хамас изведе невиден напад врз Израел, при што беа убиени околу 1.200 лица, а беа земени и речиси 250 заложници.
Министерството за здравство на Хамас во Газа соопшти дека од почетокот на конфликтот досега се убиени над 65.400 Палестинци.
МИА
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
