Најмалку 74 лица загинаа во двоен бомбашки напад во Ирак

Најмалку 74 лица загинаа, а 97 се повредени денеска во двоен самоубиствен бомбашки напад во близина на ирачкиот град Насирија, соопшти локалната полиција.
Меѓу загинатите има цивили и припадници на безбедносните сили, а убиени се и шестмина напаѓачи.
Извор во градските болници истакна дека меѓу жртвите има и седум ирански државјани.
Според полициски извори, нападите се извршени во два ресторана во провинцијата Ди Кар. Во првиот ресторан влегле вооружени лица и отвориле оган врз посетителите, а потоа активирале автомобил-бомба во близина на контролен пункт на безбедносните сили и пукале кон нив, по што избегале во непознат правец. Вториот напад бил извршен врз ресторан покрај пат, кој ги поврзува провинциите Ди Кар и Басра.
Болнички извори тврдат дека бројот на жртвите би можел да се зголеми, имајќи предвид дека неколку луѓе се наоѓаат во критична состојба.
Одговорност за нападите презеде џихадистичката група Исламска држава. Тоа е најсмртоносниот напад во Ирак откако ИД беше протерана од Мосул.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Цената на струјата останува иста до крајот на годината, Владата настојува така да биде и по 1 јануари
-

Делегација на Уставниот суд на меѓународна конференција по повод 35 години од основањето на Уставниот суд на Бугарија
-

Полициски пресретнувач го сними со 188 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово: Уапсен 27-годишник од Гостивар
-

Форензичката психијатрија во фокусот на меѓународна конференција во Охрид
-

Уапсен 20-годишен кавадарчанец, поседувал марихуана
-

Ги погоди сите седум броеви и стана мултимилионер: Германец освои 120 милиони евра на Евроџекпот
-

Данска воведува построги правила во училиштата: Наставниците ќе можат физички да интервенираат против учениците
-

Трамп разговара со Русија и Кина за денуклеаризација
