Најмалку 717 загинати, а 863 ранети во стампедо во Саудиска Арабија
Најмалку 717 муслимански верници загинаа загинаа, а 863 други се повредени во стампедо за време на аџилакот во саудискиот град Мина, на пет километри од Мека, соопшти Директоратот за цивилна заштита на Саудиска Арабија.
Најголемиот број од жртвите се постари или инвалидизирани лица.
Телевизијата Ал Џезира јави дека инцидентот се случил на улица околу која се наоѓаат времените кампови каде во над 160.000 шатори се сместени аџиите.
ТАСС информира дека причина за трагедијата е дефект на еден воз на релацијата од Мека до Мина, поради што се блокирале вратите. Кога возот пристигнал на перонот настанала турканица во обид на аџиите да дојдат до возот.
Во акцијата за помош на настраданите се вклучени повеќе од 4.000 лица.
Според официјалните податоци, на аџилакот оваа година има над два милиони луѓе.
Аџилакот е еден од петте столбови на исламот и секој муслиман е должен барем еднаш во животот доколку е способен да замине на аџилак.
Најмалку сто лица загинаа и 230 беа повредени на 12 септември, откако се урна кран во најголемата џамија во светот, Ал Харам во Мека.
Ново на Сител
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“
-
Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините