Најмалку 56 загинати во новите израелски напади низ Газа
Најмалку 56 лица се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од вчераутро, соопштија палестински медицински работници и цивилна одбрана.
Во најновиот бран напади врз крајбрежната енклава, погодени се неколку области, а десетици луѓе се повредени. Информациите не се независно потврдени.
Според извори од Министерството за здравство, 11 лица се убиени во воздушни напади во населбата Туфа, во градот Газа, во близина на поранешната училишна зграда. Палестинската новинска агенција ВАФА соопшти за повеќе жртви и рече дека меѓу нив има деца.
Вработените за цивилна заштита во Газа објавија уште 45 смртни случаи од други напади на израелските сили.
Израелската војска не одговори веднаш на барањето за коментар.
Министерството за здравство на Газа претходно соопшти дека 81 лице е убиено во претходните 24 часа, вклучувајќи ги и жртвите од петокот.
Според најновите бројки, бројот на убиени Палестинци надмина 56.400.
Ново на Сител
-
A1 со нови услуги за клиентите го прославува 6 роденден
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за депонијата во Вардариште
-
30 дена притвор за три лица за палењето на Вардариште
-
За Кочани се уште нема кандидат за градоначалник
-
90 години Хидробиолошки завод - Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Алиу: Осум досиеја на пациенти стигнаа до интерната комисија
-
Преглед на вестите од светот