Најмалку 5 фунционери на ЕУ загинаа при уривање на авион

Најмалку пет лица загинаа кога мал авион, со кој се претпоставува дека веројатно патувале функционери на Европската унија, се урна утрово, непосредно по полетувањето од Малта, соопштија извори од аеродромот и очевидци, јавува ДПА.
Медиумските извештаи укажуваат дека станува збор за службеници од граничната агенција на ЕУ Фронтекс, но Фронтекст на Твитер тоа го демантираше.
„Авионот кој се урна на Малта не е на Фронтекс“, напиша на Твитер оваа агенција.
Весникот „Тајмс оф Малта", пренесува ДПА, соопшти дека воениот авион бил земен под наем од Луксембург за потребите на Фронтекс. Нема информации за националноста на жртвите.
Авионската несреќа, најтешка во мирновременската историја на Малта, се случила околу 7:20 часот по локално време (5:30 часот По Гринич), набргу откако авионот полетал во 7.10 часот за Мисрата, Либија.
Спасувачите бараат евентуални преживеани, иако се стравува дека сите загинале.
Авионот, двомоторен Метролајнер, може да превезува околу 10 лица. Дел од огнени остатоци се наоѓаат на пат во периметарот на аеродромот, а пожарникари го заливаат местото на несреќата со пена.
Видеоснимка покажува голем пожар, со столбови црн чад.
Ново на Сител
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

За кое дело ќе одговараат лицата кои го избодеа 14 годишникот во Ченто?
-

По Аеродром, нови пријави за насилство врз малолетници во Центар и Карпош
-

Филипче го одби Мицкоски и за гласање на дијаспората преку писмо
-

Златни денови на Кратово
-

Рокас: Убеден сум дека поголемиот дел од работата е завршен и дека ќе имаме извонредни резултати
-

Ребалансот е насочен кон инвестиции и развој, смета власта, додека опозицијата со спротивен став
-

Јавна дебата за продолжувањето на А-интегрираната дозвола за Титан Усје
