Свет
24. January 2016 - 9:16

Најмалку 47 цивили загинаа при воздушни напади во Сирија

Најмалку 47 цивили, вклучувајќи деца, загинаа вчера при воздушните напади извршени врз по зони кои се под контрола на „Исламска држава" во Источна Сирија, јави ДПА.

Според податоците на Сириската опсерваторија за човековите права со седиште во Лондон, борбени авиони, најверојатно руски, го бомбардирале населеното место Кшам, во источниот дел на провинцијата Дејр ал Зур.

Вкупно 91 е бројот на цивилните жртви, убиени од петок до денеска во покраината, рече шефот на центарот Рами Абдел Рахман.