Најмалку 46 лица починаа од студ во Европа

Студениот бран во Европа е причина за смртта на најмалку 46 луѓе, јави АФП. Поголем дел од жртвите се бездомници.
Според агенцијата, студениот бран е причина за смрт на 18 лица во Полска, шест во Чешка, петмина во Литванија, четири во Франција и Словачка, двајца во Италија, Романија, Србија и Словенија и еден во Холандија. Во Естонија студот е причина за седум смртни случаи овој месец. Од почетокот на студениот бран, животот го загубиле најмалку осум луѓе без постојано место на живееење – по тројца во Франција и Чешка и двајца во Италија.
Минатата ноќ беа регистрирани рекордни температури на многу места. Во Швајцарија беа измерени минус 36 степени во Глаталп, место на надморска висика од 1.850 метри.
Студениот бран, кој британските медиуми го нарекоа „Ѕверот од Истокот“, Холанѓаните - „Сибирска мечка“, Швеѓаните - „Снежен топ“, а во Франција е познат под називот „Москва-Париз“, најмногу го загрозува здравјето на најранливите категории жители, пред се бездомниците и постарите лица, но го попречува и сообраќајот.
Метеоролозите најавуваат дека студениот бран продолжува и утре.
Ново на Сител
-

Се подобрува состојбата со пожарите во Албанија
-

Без победник на првите три натпревари од последната рунда во квалификациите за Лигата на шампионите
-

Блумберг“: САД ја проверуваат лојалноста на сојузниците во НАТО
-

Вкупно 37 пожари на отворено низ државата изминатото деноноќие, три се активни
-

Обединетите Арапски Емирати објавија дека сите трговски, економски и финансиски трансакции со Иран се суспендирани
-

Најмалку девет лица загинаа во пожар во хотел во Калкута
-

Сончево и топло со локална облачност, попладне во планинските региони можен дожд
-

Зголемен интензитет на сообраќајот надвор од градските средини
