Loading Video...
Свет
30. April 2021 - 12:26

Најмалку 40 лица загинаа, а над 150 се повредени како резултат на стампедо на верски фестивал во Израел

Најмалку 40 лица загинаа, а над 150 се повредени како резултат на стампедо на верски фестивал во Израел. Немилиот настан се случил на фестивалот Лаг Б'Омер на северот на Израел каде се собрале и до 100.000 ултра отродоксни Евреи на гробот на еврејскиот мудред од 2-век на годишната комеморација на неговата смрт, која вклучува целовечерна молитва и танц.

Според првичните резултати од истрагата, несреќата најверојатно се случила при излегување од местото каде што се одвивал концертот.

Во спасувањето и извлекувањето на повредените учествувала и војската. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху преку Твитер изразил сочуство до жртвите.