Најмалку 35 загинати во напади на ИД во Тикрит
Најмалку 35 лица загинаа, а 40 се повредени во напади на џихадистичката група Исламска држава во ирачкиот град Тикрит, соопштија безбедносните сили.
Во нападите, кои се извршени во текот на ноќта, загинале и 14 полицајци.
Петнаесет лица ја нападнале полициската станица во градот, а потоа и домот на локален полициски полковник, кого го убиле заедно со уште четири членови од неговото семејство.
Убиени се и неколку вработени во продавници, а терористите пукале и врз минувачи. Еден дел од напаѓачите влегле и во зграда на едно училиште, каде се барикадирале.
Засега има различни информации за состојбата во градот. Некои медиуми соопштуваат дека по операција на ирачките специјални единици сите терористи биле убиени. Други медиуми објавуваат дека само петмина од терористите се ликвидирани, а по останатите се уште се трага. Останати, пак, медиуми додаваат дека двајца од терористите, кои носеле појаси со експлозиви и кои биле опколени од полицајци, ги активирале бомбите на себе.
Во Тикрит, кој се наоѓа северно од ирачкиот главен град Багдад, е објавен полициски час.
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка