Најмалку 30 рудари загинаа во рудник во ДР Конго
Најмалку 30 рудари загинаа, кога во североисточниот дел на Демократска Република Конго се урна дел од рудник за злато, кој работел незаконски.
Според локалните медиуми, во подрачјето Ватска, сместено во близина на границата со Уганда, на длабочина од 17 метри дошло до уривање на дел од рудник кој работел незаконски, пренесува Анадолија.
Спасувачките екипи дошле до телата на 30 рудари кои останале под урнатините на рудникот, но не се знае колку точно луѓе имало во рудникот во моментот на несреќата. Поради тоа што рудникот работел незаконски, се наоѓал далеку од населено место, па несреќата е забележана еден ден подоцна. Локалните власти посочуваат дека причина за несреќата најверојатно се обилните врнежи од дожд.
Во октомври, во источниот дел на земјата се урна дел од рудник за злато кој работел незаконски. Во таа несреќа животот го загубија 20 рудари.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни два пожари, под контрола еден, еден изгаснат
-
Поради лошата традиција со пукање на свадби и прослави, од залутни куршуми за месец дена оштетени пет автомобили
-
На Ќафасан се чека околу 40, а на Табановце и Богородица околу 30 минути
-
Поскапуваат бензините, поевтинуваат дизелот и Екстра лесното масло
-
Уапсен кумановец, возел со 1.80 промили алкохол во крвта
-
Поради дефект без вода делови од Ченто
-
Обид за убиство Струга, едното лице го бодело оштетениот со нож во стомак и врат, другото лице довикувало да го „доврши“
-
Изминатиот викенд 1077 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 314 за брзо возење