-->
-->
Најмалку 29 цивили се убиени во воздушни напади во Сирија
-->
Најмалку 29 цивили, меѓу кои седум деца, се убиени денеска во воздушни напади во реони кои се под контрола на Исламска држава (ИД) во источниот дел на Сирија, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, чие седиште се наоѓа во Лондон.
Според невладината организација, најверојатно руски авиони-ловци извршиле напади врз населеното место Кшам во источниот дел на провинцијата Даир ал Зур.
- Од вчера вкупниот број на загинати во воздушните напади во оваа провинција изнесува 73 лица, изјави шефот на Сирискиот центар, Рами Абдел Рахман.
Засега нема официјален коментар од Владата во Дамаск.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Седница на Националната комисија за УНЕСКО во Охрид
-
Мицкоски на увид на градежни активности на нова детска градинка во Кисела Вода
-
ЦУК: Активни пожарите во „Јасен“ и во атарот на селата Беловодица и Церово
-
Сончево и топло со локална облачност, за викендот температурите во опаѓање
-
Кратери повикуваат на мобилизација за натпреварот против Македонија Ѓорче Петров
-
Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо
-
Руд: Ѓоковиќ е најголемиот спортист на сите времиња
-
ЦУК: Од вкупно 13 пожари на отворен простор, активни се четири