Најмалку 25 загинати при налетот на тајфунот Мангхут на Филипините
Најмалку 25 лица загинаа при налетот на тајфунот Мангхут, кој изминативе два дена ги погоди Филипините, предизвикувајќи свлечишта и поплави, првенствено во северните делови на земјата.
Советникот на филипинскиот претседател Родриго Дутерте, Френсис Толенто информира дека вкупно 20 од жртвите загинале во регионот Кордилера на најголемиот филипински остров Лузон, а уште четири во соседната провниција Нуева Вискаја.
Извршниот директор на Националниот совет за управување со кризи, Рикардо Џалад вчера соопшти дека само во Кордилера се пријавени над 40 случаи на лизгање на земјиштето, - Спасувачките екипи постојано пријавуваат нови штети предизвикани од тајфунот, посочи Џалад.
Поплави се регистриран и во делови на Манила, а поради тајфунот над 100.000 се сметени во прифатни центри.
Во моментот кога Мангхут во петокот ги погоди Филипините, во неговото жариште дуваа ветрови со брзина и до 305 километри на час. Подоцна движејќи се над Филипините кон јужна Кина и Виетнам, брзината на ветровите во неговото жариште опадна на околу 170 километри на час, со повремени налети до 260 километри на час.
Како што јави ДПА, тајфунот сега се движи кон запад и во текот на денот се очекува да ги погоди крајбрежните региони на југоистична Кина, вклучлително и автономните региони Хонг Конг и Макао.
Во очекување на налетот на Мангхут, властите спроведоа евакуација на десетици илјади лица од овие подрачја, откажани се голем број летови, а редуциран е и јавниот транспорт.
Ново на Сител
-
Пријавена кражба на документација и компјутерска опрема од канцеларијата на УВМК во Прилеп
-
Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција
-
Лога: Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска
-
Татко пријавил дека му било испратено видео материјал од физички напад на неговата ќерка
-
Фон дер Лајен: Патот на Северна Македонија кон ЕУ да продолжи со спроведување на реформите и почитување на Преспанскиот договор
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија