Најмалку 23 лица починаа од колера во источна Етиопија
Најмалку 23 лица починаа од колера за време на епидемијата што ги погоди поплавените области во источна Етиопија, соопшти денеска хуманитарната организација „Спасете ги децата“ (Save the Children), пренесува Би-Би-Си.
Во текот на изминатите две недели, во регионот Сомали, кој е најтешко погоден од неодамнешните поплави предизвикани од поројните дождови, потврдени се повеќе од 770 случаи на колера, информираа од организацијата.
Поројните дождови ја погодија областа каде живеат повеќе од 1,5 милиони луѓе, а се проценува дека повеќе од 600.000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови.
Повеќе од 90 области во Етиопија пријавиле случаи на колера, при што од хуманитарната организација предупредуваат дека ситуацијата може да се влоши бидејќи се очекуваат пообилни врнежи во најмалку три региони.
Дождовите што ја погодија Етиопија, како и соседните Сомалија и Кенија, беа предизвикани од временскиот феномен Ел Нињо.
Ново на Сител
-
Македонската гордост во Австралија - Престон Лајонс на гости во Македонија
-
ЕУ и САД заеднички ќе работат на враќање на украинските исчезнати деца
-
Министерот Панче Тошковски демантира дека убиената Росица му барала помош и му испратила СМС-порака
-
АХВ дел од првата GF-TADs регионална конференција за приоритетни прекугранични болести кај животните
-
Почина италијанската фимска икона Клаудија Кардинале
-
Претседателката Сиљановска – Давкова на средба со Гутереш во Њујорк
-
Џими Кимел во емотивен монолог рече дека никогаш немал намера да ја омаловажи смртта на Чарли Кирк
-
ФИФА планира да го одржи Светското првенство во 2030 година со 64 репрезентации