Најмалку 21 лице загина во сообраќајка во Мексико
Најмалку 21 лице загина во сообраќајна несреќа на автопатот што ги поврзува мексиканските држави Оахака и Пуебла, соопшти висок мексикански државен службеник.
Во објава на социјалните мрежи, министерот за внатрешни работи на Пуебла, Самуел Агилар, напиша дека во несреќата учествувале три возила и дека има многу повредени луѓе.
Мексиканскиот весник Ла Хорнада јави дека смртоносната несреќа се случила кога камион што превезувал цемент се обидел да претекне друго возило пред да премине во спротивната лента и да удри во автобус, а потоа челно се забил во комбе. Камионот мешалка по сударот паднал во бездна и се запалил.
Несреќата се случила на кривулести, стрмни патишта во оддалечените делови на Мексико, каде што сообраќајните несреќи се чести. Во март, најмалку 11 лица загинаа кога автобус се преврте во Оахака. Пред две години загинаа 29 лица откако автобус падна во бездна во јужните делови на Мексико.
Ново на Сител
-
Папата Лав Четиринаесетти повика да се дозволи влез на хуманитарна помош во Појасот Газа
-
Приведен измамник од Велес, на интернет продавал наводно благословени предмети
-
Во МЕПСО им се барало мито на инвеститори, Мицкоски очекува наскоро да бидат обелоденети ваквите тврдења
-
Фрлил шише со запалива течност на влезна врата од казино во Чаир, пробал да го запали
-
Двајца основци од училиште кај Бит Пазар нападнале соученик со остар предмет
-
19-годишен возач со „БМВ“ удрил 81-годишен пешак во Тетово
-
Мицкоски: Не го знам името на новиот гувернер, ќе имам средба со претседателката
-
Каја Калас во петок во Скопје на средба со премиерот Мицкоски