Loading Video...
Свет
23. May 2021 - 16:32
Најмалку 21 лице загина на маратон во Кина
Најмалку 21 лице загина на маратон во Кина. Маратонците требало да истрчаат 100 километри но кога стигнале до 30 километар од трката ги зафатило силно невреме.
Дури 172 натпреварувачи се изгубиле, а трката веднаш била прекината.
Организаторите веднаш реагирале, но спасувачките служби не успеале да ги спасат сите натпреварувачи бидејќи невремето предизвикало свлечишта и одрони.
Преживеаните учесници изјавија дека прогнозата покажала дека се очекува ветер и дожд, но ништо толку екстремно како што доживеале.
Уште се трага по 20 лица.
-
Александра Костовска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
