-->
-->
Најмалку 21 лице загина крај бреговите на Грција во два одделни инциденти
-->
Грчката крајбрежна стража соопшти дека најмалку 21 лице загинало во два одделни инциденти со потонати чамци крај бреговите на грчките острови во текот на изминатата ноќ.
Десет лица преживеале, а во тек е спасувачка операција за пронаоѓање на уште преживеани.
Крајбрежната стража објави дека дрвен чамец со 48 лица потонал во раните утрински часови кај малиот остров Фармакониси во источниот дел на Егејското Море. Четириесет од патниците успеале да го достигнат брегот, а властите успеале да спасат едно девојче, но откриле и седум тела во морето.
Во друг инцидент потонал исто така дрвен чамец, во кој патувале неодреден број луѓе. Тоа се случило кај островот Калолимнос. Крајбрежната стража спасила 26 лица и открила 14 тела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз