Најмалку 20 загинати во невреме во САД
Повеќе од 20 лица загинаа во невреме што го погоди средниот запад и југот на САД.
Во сојузната држава Кентаки, 14 лица загинаа поради силни временски непогоди, а бројот на жртвите веројатно ќе се зголеми, соопшти гувернерот Енди Бешир.
Претходно, локалните власти во округот Лорел соопштија дека девет лица загинале откако торнадо го погоди југоисточниот дел на Кентаки.
Во торнадото многу објекти се урнаа, а оштетени и превртени биле и многу автомобили. Локалното население добило две предупредувања за торнадо кратко пред да ја погоди областа.
– Спасувачите цела ноќ беа на терен трагајќи по преживеани, а потрагата продолжи и утрово, рече заменик-шерифот Гилберт Ачардо. Итно засолниште беше поставено во локално средно училиште, а пристигнуваат и донации во храна и други потреби.
Невреме го погоди и Мисури, каде што загинаа седум лица, и Висконсин, каде што неколку стотици илјади луѓе останаа без струја.
Вкупниот број на повредени не е познат, но болниците во областа соопштија дека примиле десетици пациенти, од кои некои се во тешка состојба.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника